Аџиоски: Според власта само што не сме влегле во ЕУ, а во реалноста граѓаните се грижат дали ќе обезбедат леб во 21 век

Од:

Дискутираме за именување за замениците на министрите и ова е четврто експозе на премиерот во кое ништо не кажа. Четврт пат истите лаги, истите зборови и ветувања кои никако да се реализираат. Едно се зборува од власта на говорница, но реалноста на терен е друга затоа што во 21 век се доведовме до ситуација да зборуваме дали ќе има леб, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Мирче Аџиоски на денешната собраниска седница.

– Според вас само што не сме влегле во ЕУ, а граѓаните се грижат дали ќе обезбедат леб за своите семејства, а камо ли да зборуваме за нешто друго како што е дали ќе обезбедат месо кое е поскапено, млеко, шеќер, масло и други производи кои исто така се поскапени, а да не зборуваме и за електричната енергија, додаде Ациоски.

Аџиоски му порача на Ковачевски дека можеби попаметно ќе беше во тие спонзорирани објави од 26.000 евра да спонзорираше објава со рецепт за начин на производство на домашен леб, затоа што во маркетите не може да го обезбеди.

– Можеби попаметно ќе ги потрошевте тие 26.000 евра ако направевте видео како се меси и пече домашен леб, отколку да спонзорирате видео каде кажувате дека автопатот Кичево Охрид бил готов, како луѓето да не ги гледаат овие ваши лаги, нагласи тој.

Ациоски истакна дека кога власта зборува дека некој поставувал кочници треба да се знае дека откако е оваа власт во Македонија тие се најголема кочница и се е од оваа влада закочено.

Би можело да ве интересира

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он