Нема промени во цената на бензинот и дизелот

Од:

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија извести дека е донесена одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,53% во однос на одлуката од 27.2.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,452%, кај дизелот за 2,228%, кај екстра лесното масло за 3,176% и кај мазутот зголемување за 0,701%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,416%.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 2,00 ден/лит.

– Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 3.3.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од РКЕ.

Би можело да ве интересира

Поскапуваат бензините

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Поскапуваат горивата

Поскапуваат горивата

Катерина Ѓуровски

Поскапуваат бензините и дизелот

Горан Наумовски

Од полноќ нови цени на горивата