Јаневска: МВР да си ја работи работата, да ги обезбеди училиштата 24 часа, а МОН да најде начин да ги надомести изгубените часови

Од:

„Наставата е во комплетен прекин. Дојавите за бомби достигнаа бројка од 45 училишта. Родителите на основците револтирани од неспособноста на Владата, секојдневно ги напуштаат работните места за да си ги приберат децата и да ги остават сами дома за да продолжат со онлајн настава. Онлајн настава нема, Тимсот паднал. Оној Тимс кој требаше да го користат децата уште во Корона кризата, имало проблеми со лиценцата. Толку од дигитализацијата“, вели Весна Јаневска, претседател на комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.

„Родителите на социјалните мрежи се организираат да протестираат под мотото „Доста со експерименти со нашите деца”. МВР молчи, МОН молчи.

Почитувани, 4 години во Македонија образованието е во колапс. Штетата е трајна и ненадоместлива. Децата ја плаќаат цената на неспособноста на Владата. Овие деца еден ден ќе треба да ја носат на свој грб државата, нашата татковина. Но, очигледно Владата тоа не ја интересира. Таа со денови се реконструира.

Го повикувам МВР да си ја работи работата и да ги обезбеди училиштата 24 часа и неспособноста да не ја затскрива со изјавата дека сме во хибридна војна. Го повикувам и МОН под итно да изнајде начин да се надокнади пропуштеното додека сеуште има барем малку време.

Всушност најдобро за сите нас е веднаш да се распишат избори и да се смени власта, зато што почитувани во државава настава нема, ама и леб нема“, изјави Весна Јаневска, претседател на комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Набавката на електричните автобуси е задоцнета, имаше три години да се донесе ваква одлука вели Арсовска

Катерина Ѓуровски

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

Петрушевски: Бизнис интересот на СДС и ДУИ направи граѓаните да плаќаат поскапа струја

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје