САД пресретнале иранска наредба дадена на екстремистите во Ирак да напаѓаат американски интереси во Багдад во случај администрацијата на претседателот Барак Обама да се одлучи за воен удар врз Сирија, објави весникот „Волстрит џурнал“.
Според „Волстрит џурнал“ тие не кажале потенцијални цели, наведени од разузнавањето.
Вчера американскиот Стејт департмент издаде предупредување до своите граѓани да не патуваат во Ирак, освен ако патувањето не е итно.
Според „Волстрит џурнал“ иранското соопштение е пресретнато пред неколку дена и е направено од командата на силите „Кудс“ на иранската Револуционерна гарда. Весникот наведува дека наредбата била до поддржани од Иран шиитски вооружени групи во Ирак. Пораката ги иформирала шиитските групи да се подготват да одговорат со сила по евентуален американски удар врз Сирија.
Американскиот Стејт департмент и ЦИА одбија да го коментираат текстот.