Завршува средбата на Г-20

Од:

Средбата на лидерите од државите од Г-20 ќе заврши денеска со прифаќање финални документи – Декларација на лидерите и План од Санкт Петербург.

Изработени се и дополнувања кон декларации за сите теми од работната група.

Планот за акција за обезбедување раст и вработеност ќе вклучува и шема на работа по финансирање на долгорочни инвестиции, извештај за реализацијата на реформите за финансиска регулација, резиме и план за акција по даночни прашања.

Се очекува денеска и втора седница на групата со теми – инвестиции, стимулирање економски раст и создавање нови работни места.

Потоа учесниците ќе имаат и работен ручек на кој ќе се разговара за прашања за економскиот раст и трговијата.

Италијанскиот премиер Енрико Лета вчера изјави дека шефовите на држави и влади од групата Г-20 потврдиле дека постои поделба меѓу нив во врска со решавањето на конфликтот во Сирија.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте