Вестервеле: Хемискиот напад во Сирија треба да биде разгледан од Меѓународниот кривичен суд

Од:

Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле изјави дека Берлин сака Меѓународниот кривичен суд да го разгледа нападот со хемиско оружје во Сирија.

– Повторно инсистирав денеска за време на дискусите Советот за безбедност на Обединетите нации да му даде мандат на Меѓународниот кривичен суд да почне истрага за хемиските напади во Сирија, истакна тој на маргините на самитот на Г-20 во Санкт Петербург.

– Таква иницијатива веќе покренавме во јануари. Оттогаш ситуацијата се влошува дополнително, така што е потребен нов ваков обид, изјави германскиот министер, кој напомена дека употребата на хемиско оружје е целосно неприфатлива.

– За ова прашање ќе разговарам со европските колеги во Вилнус во рамки на состанокот на министрите за надвоерешни работи од ЕУ утре и задутре, изјави Вестервеле.

Би можело да ве интересира

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија

По неколку напади врз левичарски политичари во Германија и претставниците на АфД беа нападнати

Горан Наумовски

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке