Мицевски: Mнозинството нема доволно пратеници за гласање на министрите па затоа опструира со паузи

Од:

После 3 недели дискусии, разговори и убедувања очигледно е дека за различни работи разговараме, истакна координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски при неговото процедурално обраќање на денешната собраниска седница.

„Не слушнавме ниту во експозето на премиерот за министрите кои планира да ги постави која е целта и кои се нивните квалитети. Не слушнавме ниту од колегите пратеници да застанат во заштита и обрана за оние кандидати за министри кои планираат да дадат поддршка и зошто ќе ги поддржат“, рече Мицевски.

Тој посочи дека пред само една година беше обидот за формирање на Влада, а сега имаме нова Влада во која излезени се дел од партиите кои беа тогаш кога не убедуваа дека тоа е проевропската Влада и се наоѓаме на самиот почеток

„Очигледно разговарајќи за различни работи на една страна пратениците од СДС и ДУИ, владејачкото мнозинство и Владата на друга страна пратениците од опозицијата и анкетите за јавно мислење на граѓаните“, дециден е Мицевски.

Тој додаде дека доволен број аргументи се кажаа денеска и бидејќи нема што да опструира власта сега ќе пробува со паузи да се соберат и да се убедуваат за мнозинството кое треба да го имаат.

Мицевски потенцираше дека срамота е и недолично е на 10 минути пред завршување на седница власта не може да ги собере пратениците потребни за седница, па затоа тука сме дајте заедно да го ставиме на гласање и да го изгласаме ова.

„Во спротивно тоа значи дека продолжуваат преговорите за владино мнозинство и уцени“, вели тој.

„Бидејќи во моментов имаме доволен број на пратеници во салата потребно за одлучување по однос на владата. Ве повикувам вас и владејачкото мнозинство бидејќи ја обвинувате опозицијата дека го кочи донесувањето на Владата и владините седници кои треба да се случат, како и министерските места кои вие ги оставивте и без министри и без заменик министер, барам да ја ставите точката сега на гласање и да се изјасниме по однос на Владата“, додава Мицевски.

Би можело да ве интересира

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот без присуство на мнозинството донесе одлука за одржување Надзорна расправа за трагедијата во Кочани

Пратениците ја изгласаа Фискална стратегија на Република Македонија за 2026 – 2030 година

Горан Наумовски

Змија предизвика хаос во Собранието на БиХ: Поради „небезбедни услови“, седницата беше откажана, наредена е истрага

Алиу и Хоџа се дел од еден важен процес на освежување, вели Мицкоски

На собраниската седница во понеделник ќе се дебатира за новите кадровски решенија на Владата

Безбедносната зона околу Собрание не била за да нема протести, туку заштита од градење на приватни субјекти