(ВИДЕО) Мигрант кој го преживеа бродоломот во Италија: Шверцерите фрлаа деца во морето

Од:

Мигрантите кои го преживеаја смртоносниот бродолом во близина на италијанскиот брег ги обвинија шверцерите односно трговците на луѓе дека фрлале деца во морето за да ја намалат тежината на бродот и со тоа полесно да избегаат од крајбрежната стража. Вчера потона брод со мигранти при што загинаа најмалку 60 луѓе, меѓу кои и деца.

Околу 80 мигранти го преживеаја бродоломот. Властите стравуваат дека бројот на загинати може да надмине 100, бидејќи некои преживеани рекле дека на дрвениот брод кога ја напуштил Турција, имало околу 200 луѓе од Иран, Пакистан и Авганистан.

Бродот удри во карпести гребени, се распадна и потона пред зори во неделата кај италијанскиот брег. Додека спасувачите се уште трагаат по преживеани, Италија го бара одговорниот за оваа страшна трагедија. Некои го вперија прстот кон десничарската премиерка Џорџија Мелони и нејзината строга политика во однос на мигрантите. Од друга страна, Мелони ја префрли вината на „нехуманите трговци со луѓе“.

„Во еден момент шверцерите почнаа да ги фрлаат децата во морето. Тие ги фатија за раце и ги фрлија“, изјавил еден од преживеаните за италијанскиот весник Ла Стампа, пренесе Дејли Меил. Меѓу загинатите, наводно, има 14 деца.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски