(ВИДЕО) Талески: Како со плата на еден професор се стекнуваат вакви имоти освен со криминал и корупција?

Од:

Почитуван колега Трајанов, со оглед на тоа што и вие сте универзитетски професор, должни сте на македонската јавност да и дадете одговор како со плата на универзитетски професор се стекнуваат толкави имоти, како хациенди од еден милион евра, реплицираше пратеникот на СДСМ, Миле Талески на денешната собраниска седница.

„Очигледно дека тоа се постигнува со криминал и корупција. Дали заради тоа се скаравте со вашата градоначалничка Данела Арсовска, заради криминал и корупција, да го билдате и зголемувате имотот на вашиот лидер, од Скопје преку Охрид до Црна Гора?“ праша Талески додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ сака да дојде на власт само за одредени личности да продолжат да крадат и да го зголемуваат својот имот.

Талески ги праша пратениците од ВМРО-ДПМНЕ за нивниот став по обидите на Никола Груевски и Христијан Мицкоски да го рехабилитираат ликот и делото на Ванчо Михајлов.

„Дали вие од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе се оградите од она што го прават Груевски и Мицкоски за да рехабилитираат крвникот на македонскиот народ Ванчо Михајлов? Должни сте да одговорите“, порача Талевски.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска