Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави денеска дека Велика Британија има нови докази за употреба на хемиско оружје од страна на режимот во Сирија.
– Во лабораторијата Порт Даун се извршени анализи на примероци земени од Дамаск, кои повторно ја докажуваат употребата на хемиско оружје во предградието на Дамаск, изјави за Би-Би-Си Камерон, кој се наоѓа во Санкт Петербург, каде се одржува самитот на Г-20.
– Доказите против Асад постојано се зголемуваат, додаде тој.
Експертите од Порт Даун, кои ги анализираа примероците велат дека станува збор за гас сарин, изјави анонимен британски претставник.