СДСМ: Неспособноста на Муцунски резултира со урбанистички хаос во општината

Од:

Граѓаните од Аеродром, преку медиумите се обидуваат да го изразат својот револт поради урбаниот хаос во општината предизвикан од неспособноста на Тимчо Муцунски, велат од СДСМ.

„Во нашата општина подолг период дивеат градежни активности кои немаат соодветно решение за градење од општината, а Муцунски не прави ништо за да го спречи тоа.

Веќе неколку месеци се гради просторија – дивоградба во дворот на зградата бр. 118 на булеварот Јане Сандански, а Општина Аеродром не презема ништо во однос на тоа, со образложение дека нема градежен инспектор во општината.

Ваквата неспособност Муцунски ја демонстира од почетокот на неговиот мандат, а граѓаните секојднвено се соочуваат со проблеми во нормалното функцинирање во општината.

Муцунски повеќе од една година не успева да обезбеди градежен инспектор во општината, лице кое треба да се грижи за регулирање на инфрастуктурините активности. Граѓаните во немоќ да се справат со урбаниот хаос во општината реагираат до медиумите, институциите и други форми на организирање за да спречат урбано безаконие“, соопштија од СДСМ.

Партијата повикува Муцунски веднаш да преземе активности за да престанат незаконските градежни активности во општината.

„Муцунски во најкус рок соодветно да постапи за конкретниот случај кој се појави во медиумите, како и да одговори на поплаки на граѓаните на општина Аеродром.

Исто така, повикуваме градоначалникот Муцунски да не се затскрива позади општинската администрација, туку тој да даде одговори за личната неспособност и урбаниот хаос поради немање на градежен инспектор во општината“, рекоа оттаму.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Манасков: Булинг, ножеви и тепачки во училиштата, СДСМ бара одговорност од Јаневска и директорите

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ, тој сака власт без контрола и без одговорност

Колку ќе ги чини граѓаните Дејвид Гета и како е одлучено за фирмата организатор без тендер, прашува СДСМ

СДСМ: Премиерот и обвинителот си се договараат по телефон за предмети и тек на истрага

СДСМ: Бугарофили на власт, тендер коалицијата ВМРО – ЗНАМ ја надмина и својата пропаганда

(ВИДЕО) Кузеска: Вметнувањето на малцинствата во Уставот го зајакнува македонскиот национален идентитет