Кинеска инфлуенсерка е убиена и распарчена од нејзиниот поранешен сопруг и неговите родители

Од:

За смртта на манекенката и инфлуенсерка Аби Чои полицијата во Хонг Конг го осомничи нејзниот поранешен сопруг и неговите родители. Тие се ососомничени откако вчера беа пронајдени делови од нејзиното тело во фрижидер, а во тенџере беше откриен череп за кој се верува дека е нејзин.

Поранешниот сопруг на Чо, Алекс Квонг (28), неговиот брат Ентони (31) и нивниот татко Квонг Кау (65) се соочуваат со обвиненија за убиство, додека неговата мајка Џени Ли (63) е обвинета за попречување на истрагата, објави кинеската државна телевизија РТХК.

Грозоморниот случај излезе на виделина откако полицајците од Хонг Конг го пронајдоа телото на Чо во петокот, заедно со нејзината лична карта, кредитни картички и други предмети. Телото е распарчено, а остатоците се чувале во фрижидер во рурална фарма во Таи По, предградие на Хонг Конг во близина на границата со континентална Кина. Во куќата била пронајдена и машина за сечење месо, електрична пила и облека.

Покрената е истрага откако таа беше пријавена за исчезната во средата. Поранешниот сопруг на Чо беше уапсен во саботата на фериботот на еден од островите во градот, а неговиот брат и родителите беа уапсени во петокот. Петтоосомничениот, 47-годишна жена, е уапсена вчера.

Чои, модел и инфлуенсер на социјалните мрежи со повеќе од 100.000 следбеници на Инстаграм, неодамна се појави на дигиталната насловна страница на луксузниот магазин L’Officiel Monaco.

„Откриена е вдлабнатина на десната задна страна на черепот, за која патологот верува дека тоа е причината за смртта“, рече началникот на полицијата Алан Чунг.

Чои имала финансиски спорови со нејзиниот поранешен сопруг и неговото семејство за десетици милиони долари од Хонг Конг, изјави претходно Чунг, додавајќи дека „некои луѓе“ не се задоволни од начинот на кој Чои постапувала со нејзиниот имот.

Би можело да ве интересира

30 дена притвор за убиецот од Стајковци

Горан Наумовски

ОЈО бара притвор за двојниот убиец од скопското село Стајковци

Горан Наумовски

Тројца осомничени за вчерашното убиство во Бања Лука

ОЈО за двојното убиство во скопското село Стајковци: Го убил братот и сопругата на починатиот брат

Горан Наумовски

Двојно убиство во скопското село Стајковци: Си ги убил братот и снаата

Горан Наумовски

Во Франција: Убиени двајца затворски чувари, а тројца се ранети во заседа