На првиот ден на Самитот на Г-20 новинарите изеле 26 тони храна

Од:

На првиот ден од Самитот на Г-20 во Санкт Петербург, новинарите исконзумирале 26 тони прехранбени произиводи, соопшти портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков.

Како што јави ИТАР-ТАСС, Песков нагласи дека на денешниот прв ден на Самитот присуствувале 1.401 од вкупно 1.882-та акредитирани новинари за следење на собирот.

– Многу јадете, прокоментира шеговито Песков на средба со акредитираните новинари, додавајќи дека во ресторанот наменет за претставниците на медиумите биле послужени околу 1.500 лица.

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ