Пендаровски на годишнината од смртта на Трајковски

Од:

Претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на 19-годишнината од загинувањето на претседателот Борис Трајковски и членовите на делегацијата во авионската несреќа во Ротимље, во близина на Мостар, Босна и Херцеговина, денеска положи венец на гробот на претседателот Борис Трајковски на гробиштата „Бутел“ во Скопје.

Пендаровски положи венци и на вечните почивалишта на загинатите членови на делегацијата: Димка Илкова – Бошковиќ, Ристе Блажевски, Миле Крстевски, Марко Марковски и Бранко Ивановски на гробиштата „Бутел“ во Скопје .

Делегации на Кабинетот на Претседателот денеска полижија венци и на спомен-обележјето на местото на несреќата во Ротимље, во близина на Мостар, Босна и Херцеговина и на вечното почивалиште на Анита Кришан Лозановска на гробиштата во Велес.

Би можело да ве интересира

Кој мешетари, а кој озборува – Пендаровски и Фрчкоски се скараа за СДСМ

Катерина Ѓуровски

Пендаровски кој доби функција на поклон од Заев, се обидува да дели лекции за државност, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Пендаровски и СДС ги рушат националните позиции, и не можат да се помират со фактот дека Владата гради силни односи со САД

Николовски: Стево троши пензијата, не се брукај, не ја руши позицијата на Македонија

Дваесет и една година од загинувањето на претседателот Борис Трајковски

Јаревски: Стево Пендаровски тврдеше дека не сака канцеларија, за еден ден потоа да побара да му се дозволи да користи