Артан Груби сериозно го инкриминираше својот брат Ветон Груби. И од собраниска говорница, и од гостување во емисија кажа дека дуќанот на улица „Македонија“ од 127м2 е купен за 100.000 евра. Со тоа кажува дека цената платена по метар квадратен е 700 евра, односно 4 до 5 пати помалку од вообичаената цена за деловни простори во тој дел на Скопје вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефов.
– Пазарната цена на метар квадратен е од 3.000 евра за метар квадратен па нагоре. Братот на Груби плаќа 700 евра. И покрај високите цени на деловните и станбените објекти во Скопје, продажбата расте, граѓаните плаќаат и по 1.500 евра за метар квадратен стан во скопските населби, а се чека и за градба додека да се вселат, и додека тоа се случува братот на Груби купува дуќан од 127м2 за 700 евра по квадратен метар. Како братот на Груби купил објект и до 5 пати поевтино од пазарната цена. Со самата разлика од 5 пати во цената која ја платил братот на Груби со пазарната цена, се доаѓа до два заклучока:Или братот на Груби платил повеќе, но во кеш, и со тоа е избегната обврската истиот да го докажува потеклото на парите. Или Артан Груби злоупотребил функција и влијание за на некој начин да изврши притисок врз сопственикот или ветување за друга корист рече Лефков.