Едно лице го загуби животот, а седуммина се повредени во тешката сообраќајна несреќа што доцна синоќа се сличила на автопат во Хрватска во правец од Сплит кон Загреб.
Несреќата, соопшти утринава полицијата, се случила кога 58-годишен албански државјанин кој управувал автобус со албански национални ознаки и од засега непозната причина свртел десно, удрил во ограда и се превртел на левата страна.
– Во автобусот во моментот на несреќата имало девет патници и возачот. Едно лице загина, а неколку лица се повредени и се сместени во општите болници во Карловац и Огулин. Увидот е во тек информира полицијата.