(ВИДЕО) Украинците објавија снимка: Кличко го вози моќниот германски Леопард

Од:

Снимка на која Владимир Кличко, поранешниот боксерски шампион и брат на градоначалникот на Киев Виталиј го вози моќниот германски тенк Леопард 2 е објавена денеска. Првите вакви тенкови вчера и беа испорачани на Украина.

Антон Герашченко, советник во украинското Министерство за внатрешни работи, го објави видеото на социјалните мрежи. На него се гледа како Кличко го вози тенк во шумска област.

„Никогаш не мислев дека ќе ја возам оваа мачка. Година на војна во Украина. Година на страдање, но и година на волја, која е посилна од кога било“, вели Кличко во видеото.

Тој потоа им се заблагодари на Германија и на слободниот свет „за се што прават за Украина“.

Вчера беа објавени фотографии на кои се гледа како украинскиот премиер Денис Шмихал и полскиот премиер Матеуш Моравјецки се ракуваат пред напредните тенкови Леопард 2.

Се верува дека овие модерни тенкови би можеле да одиграат значајна улога во најавената украинска контраофанзива.

Би можело да ве интересира

Холандија и донира на Украина 24 авиони Ф-16, може да ги користи за цели во Русија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем руски напад на критична инфракструктура во Украина

Холандски војник загина во Украина

Предраг Петровиќ

Медведев: Русија не блефира, се заканува најлошто можно сценарио

Шолц попушти: Украина може да користи оружје од Германија на руска територија

Катерина Ѓуровски

Бајден и дозволи на Украина ограничено користење американско оружје за напади во Русија