Од 4-ти февруари до 11-ти март се одржува Мелодифестивален, 63-то издание на шведскиот музички натпревар кој го избира претставникот на Шведска на Евровизија. Вечерва се емитува четвртиот круг од натпреварувањето, а фаворит за победа на Мелодифестивален е Лорин со песната „Тетоважа“.
Во моментот кога беше објавено дека Лорин се натпреварува на Мелодифестивален, Шведска скокна во обложувалниците на Евровизија, иако нивниот претставник се уште не е објавен. Моментално се први на листите и ги прескокнаа Украинците кои долго време беа во самиот врв.
Заедно со Лорин за победа на фестивалот се борат и музичкиот ансамбл Smash Into Pieces, Mariette, Kiana, Signe & Hjördis, Emil Henrohn и Axel Schylström. Меѓутоа, со оглед на тоа што Лорин веќе ја претставуваше Шведска на Евровизија со песната „Еуфорија“ кога победи во Баку во 2012 година, јасно е зошто сите анкети се наклонети кон неа.
good morning especially to the winner of esc 2023 loreen 💙pic.twitter.com/gkpd1nIHhG
— kaii 🇸🇪 | 🇳🇴🇩🇰🇨🇿 (@actuallykaii) February 24, 2023
Поради нејзиниот евентуален настап на Евровизија, фановите на тоа натпреварување се воодушевени. Во последните 24 часа на Твитер има многу објави за Лорин.
„Ако не ја испратиме Лорин, ние сме идиоти“, „Треба да има петиција Лорин оваа година да ја освои титулата божица на Евровизија“, „Бидејќи излезе дел од нејзината песна, мислам дека ќе бидеме сведоци на првиот двоен победник на модерната Евровизија“, „Ја сакам песната“, „Победник на Евровизија 2023“, се дел од твитовите на фановите на ова музичко натпреварување.