Петкова: За каква чесност зборува Ковачевски кога сме на 85 место по корупција, измените во влада се за да ги спасат тендерите

Од:

Денес имаме доставен предлог за членови на новата влада предводена од Ковачевски, а неговите зборови дека ќе биде поуспешна не држат, затоа што истото го зборуваше и минатата година. За каква успешност и стабилност зборувате кога имаме најнизок економски раст, најдолни сме во регионот. За каква чесност зборувате кога сме на 85 место по корупција, втори по мизерија и најнесреќен народ во светот, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ангелинка Петкова на денешната собраниска седница.

Таа потенцира дека ова владејачко мнозинство не е базирано на програма и принципи, нема легитимитет, крпат од една страна, а од друга страна им се кине.

– Ова мнозинство е фаќање за сламка, да им даде уште некој месец плус на оваа клинички мртва влада. Промени во влада на една година пред избори е лош потег кој нема да донесе добро за држава. Првото промашување на штета на државата заради комбинаториките во владата откажувањето на еврообврзницата. Голем срам за македонската економија. Владата заборави дека се вклучи во пазар 3 коалиција и министерот си даде оставка, а нов нема. Меѓународен скандал, државата губи на репутација и рејтинг, изјави Петкова.

Таа прашува како може да се очекува за период од една година да се смени нешто во правда, без реформи, имаме само 4% доверба во правосудниот систем.

Би можело да ве интересира

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза