Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер и германскиот канцелар Олаф Шолц денеска, на годишнината од рускиот напад, и ветија на Украина дополнителна поддршка.
„Она што не импресионира сите е решителноста и храброста на украинските мажи и жени во одбраната на слободата. Германија ве поддржува во тоа и ќе продолжи да го прави тоа силно и додека е потребно“, рече Шолц во видео пораката.
Германскиот канцелар изјави дека Владимир Путин не успеал во неговиот план да ја освои Украина.
„Путин сметаше на поделеност, но го доби спротивното. Украина е пообединета од кога било досега“, рече Шолц.
Канцеларот ги отфрли обвинувањата дека испораките на оружје за Украина само ја продолжуваат војната.
„Сосема спротивно: колку побрзо рускиот претседател сфати дека не може да ја постигне својата империјалистичка цел, толку е поголема шансата за крај на војната. Се зависи од Путин, тој може да ја заврши војната“, рече Шолц, додавајќи дека крајот на војната е во рацете на Путин.