Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија извести дека е донесена Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,50% во однос на одлуката од 20.2.2023 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,292%, кај дизелот за 3,501%, кај екстра лесното масло за 3,673% и кај мазутот намалување за 3,729%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,428%.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,060 ден/кг и сега ќе изнесува 41,202 ден/кг.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.
– Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 25.2.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од РКЕ.