Кина објави мировен план за Украина

Од:

Кинеското Министерство за надворешни работи денеска објави позиционен документ во кој повикува на продолжување на мировните преговори, укинување на едностраните санкции и го нагласува своето противење на употребата на нуклеарно оружје.

На првата годишнина од руската инвазија, Кина ги повтори своите повици за политичко решение на украинскиот конфликт, додека Пекинг е под зголемен притисок од САД и нивните сојузници поради растечкото партнерство со Москва.

„Конфликтот и војната никому не му користат. Сите страни мора да останат рационални и воздржани, да избегнуваат разгорување на пламенот и влошување на тензиите и да ја спречат кризата дополнително да се влошува, па дури и да излезе од контрола“, пишува весникот.

Документот од 12 точки е дел од најновите напори на Пекинг да се претстави како неутрален мировен посредник додека се бори да го балансира своето „безгранично“ пријателство со Москва и заладените односи со Западот додека војната се одолговлекува.

Сепак, тврдењето на Кина за неутралност е сериозно поткопано со нејзиното одбивање да ја признае природата на конфликтот, имено, избегнувањето да го нарече „инвазија“ и нејзината дипломатска и економска поддршка за Москва. Западните официјални лица, исто така, изразија загриженост дека Кина можеби размислува да обезбеди смртоносна воена помош за Русија, обвинение што Пекинг го негираше.

Позициониот документ во голема мера е повторување на постојната позиција на Кина, која вклучува повикување на двете завојувани страни да ги продолжат мировните преговори.

„Дијалогот и преговорите се единственото одржливо решение за украинската криза“, се вели во соопштението. Тврди дека Кина ќе игра „конструктивна улога“ во иднина, но не прецизира детали.

Во документот се нагласува дека „суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на сите земји мора ефективно да се поддржуваат“, но не се признава кршењето на суверенитетот на Украина од страна на Русија, па дури и не се споменува зборот „инвазија“.

Си-Ен-Ен пишува дека документот претставува тенко прикриена критика на САД бидејќи повикува на напуштање на „менталитетот на Студената војна“.

„Безбедноста на регионот не треба да се постигнува со зајакнување или проширување на воените блокови. Легитимните безбедносни интереси и грижи на сите земји мора да се сфатат сериозно и соодветно да се решат“, додаде Кина. Ова го повторува ставот на Москва, која го обвинува Западот за предизвикување на војната преку проширувањето на НАТО.

Пекинг ги критикува широките економски санкции наметнати на Русија од страна на САД и другите западни земји. „Едностраните санкции и максималниот притисок не можат да го решат проблемот; тие создаваат само нови проблеми. Релевантните земји треба да престанат да ги злоупотребуваат унилатералните санкции и „долготрајната јурисдикција“ против други земји за да ја одиграат својата улога во деескалирањето на украинската криза“, убедени се Кинезите.

Се истакнува противењето на Кина за употребата на нуклеарно оружје, став што кинескиот лидер Си Џинпинг им го пренесе на западните лидери минатата година. „Нуклеарното оружје не смее да се користи и не смее да се водат нуклеарни војни. Мора да се спротивстави на заканата или употребата на нуклеарно оружје. Мора да се спречи ширењето на нуклеарното оружје и да се избегне нуклеарна криза“, смета Пекинг.

Исто така, се предупредува на опасност од вооружени напади врз нуклеарни централи или други мирољубиви нуклеарни инсталации. Документот за позиции првпат беше објавен минатата недела од страна на највисокиот кинески дипломат, Ванг Ји, на безбедносната конференција во Минхен, бидејќи тој се обиде да го прикаже Пекинг како одговорен мировен преговарач.

Би можело да ве интересира

Се сретнаа Трамп и Зеленски

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Русија нема да победи му порача Бајден на Зеленски, украинскиот претседател на средба со Трамп

Катерина Ѓуровски

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

Падна Украинск

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски