ФОТО: Меморијален венец каде што потона бродот Илинден пуштен во Охридското езеро

Од:

Подостоен споменик во чест на загинатите бугарски туристи во бродската несреќа во Охридското езеро најверијатно ќе биде изграден на местото на несреќата кај местото Елешец.

Ова свое барање денеска на одбележување на 4 години од трагичната несреќа јавно го соопштија и од Бугарскиот конзулат во Битола.Од таму рекоа дека се надеваат дека локалните власти во Охрид но и бугарските власти финансиски ќе помогнат да се изгради еден таков споменик.

Одбележувањето на годишнината од потонувањето на бродот Илинден и загинувањето на 15 бугарски туристи се одбележува кај спомен плочата покрај градскиот кеј во Охрид. На местото каде што потона бродот „Илинден“, во близина на авто- кампот „Елешец“, делегации од општина Охрид, граѓански здруженија и од Амбасадата на Бугарија во Македонија пуштија меморијален венец во водите на Охридското Езеро, посакувајќи, во иднина, никогаш и никаде, да не се случуваат вакви несреќи.

1290064_577805108949878_172853971_n

„Се надеваме дека во иднина на ова или на местото на самата трагедија ќе биде поставен подостоен споменик за нашите загинати сонародници. Постои подготвеност кај градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, а се надевам дека така ќе биде и кај бугарските власти за финансиска поддршка за изработката на таков споменик.

Трагедиите секогаш ги зближуваат луѓето, но ваквите настани не радуваат никого кога никој не може да го поврзе 5 септември со нешто убаво, како од оваа така и на луѓето од онаа страна на границата. Знам дека на луѓето од опшптините Антон и Придоп им е тешко денеска да дојдат тука. Се надевам дека ваквите случки на никаков начин нема да го нарушат угледот на Охрид како европски и светски туристички центар“, изјави Вршителот на должноста Конзул во Генералниот конзулат на Република Бугарија во Битола Данчо Минчев.

Минчев не сакаше да ја коментира судската одлука за случајот Илинден во Македонија, и остави за тоа да се искажат роднините на загинатите.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец повеќе пати силувал малолетничка, девојчето во март се породило

Николоски: Го завршуваме патот од Охрид кон Св. Наум

А1он

Врне снег во Охрид, Скопје и во Битола

Горан Наумовски

Четворица лихвари од Охрид од жртва изнудиле 18 милиони денари

Горан Наумовски

За да се спаси од полицијата, проголтал пакетче со дрога

Уапсени лихвари од Охрид, од жртвите изнудиле над девет милиони денари