ВМРО-ДПМНЕ: Што ти значи татко функционер – синот на Талат Џафери преку ред без завршен факултет положил правосуден и експресно станува обвинител

Од:

„И покрај тоа што ДКСК утврди дека Барлет Џафери, синот на Талат Џафери незаконски полагал правосуден испит пред да биде дипломиран, станува јавен обвинител. Во државата не важат законите подеднакво за сите. Барлет Џафери не само што не смее да стане јавен обвинител, туку согласно македонските прописи, веднаш трева да му биде одземено уверението за положен правосуден испит и кривично да одговараат и тој и сите инволвирани во случајот“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Еден правник мора да дипломира, да заврши мастер студии, потоа да стажира една години кај адвокат или две години во државна управа, па тек потоа да се пријави за полагање на правосуден испит доколку ги исполнува сите пропишани услови.

Згора на тоа, се поставува прашањето дали Барлет Џафери воопшто полагал правосуден испит или бидејќи е син на Талат Џафери така го добил уверението за положен правосуден испит.

Додека татко е прв законодавец, синот е избран за јавен обвинител. Ги повикуваме сите надлежни институции соодветно да реагираат, ова е преседан од невиден размер. Не смее Барлет Џафери да стане јавен обвинител само затоа што татко му Талат Џафери е прв човек на собранието.

Ова е само една од многуте причини поради која граѓаните немаат доверба во судството и правосудните органи.

Време е за промена на власта. Потребни се избори и ставање крај на искористување на функциите од власта за лични интереси“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања