Во тек се истраги во врска со експлозиите што го оштетија гасоводот „Северен тек“ минатата година, но останува нејасно кога тие ќе бидат завршени, соопштија денеска министерствата за надворешни работи на Данска, Шведска и Германија во писмото упатено до Советот за безбедност на ОН.
Шведска и Данска, во чии ексклузивни економски зони се случија експлозиите, заклучија дека цевководите што пренесувале природен гас од Русија до Германија биле намерно кренати во воздух, но не кажаа кој би можел да биде одговорен, пренесе Ројтерс.
Во ова известување се наведува дека истрагите се уште не се завршени, и дека засега не може да се каже кога тоа ќе се случи.
Советот за безбедност на ОН денеска се состанува за да разговара за саботажата, откако Москва побара независна истрага за септемвриските напади врз гасоводите.
Во писмото се наведува дека руските власти се информирани за истрагите и дека проценуваат дека штетата е предизвикана од саботажа.
Во Германија федералниот обвинител отвори кривична истрага за да утврди дали е сторено кривичното дело саботажа од член 88 од Кривичниот законик, се вели во дописот.