Реакција на НАТО на руското повлекување од договорот за нуклеарно вооружување

Од:

Откако рускиот претседател Владимир Путин во своето денешно обраќање изјави дека Русија го суспендира учеството во Договорот Нов почеток за билатерална контрола на нуклеарното оружје, пристигна првата реакција на НАТО.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека „жали“ за одлуката на Русија и ја повика Москва да го преиспита решението. На заедничката прес-конференција со шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеб и шефот на европската дипломатија Жосеп Борел, Столтенберг изјави дека „Русија е агресорот“.

„Претседателот Путин ја започна оваа империјалистичка, освојувачка војна. Денеска јасно стави до знаење дека се подготвува за уште војна. Путин не смее да победи. Тоа би било опасно за нашата безбедност и за целиот свет“, рече Столтенберг.

„Жалам поради одлуката на Русија да го прекине учеството во програмата Нов почеток“, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна

ВИДЕО: Украина загуби над 40 отсто од територија во Курск, Русите напредуваат во Донецк

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Москва не го признава Меѓународниот кривичен суд, реакција по налогот за апсење на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски