Трите штипски винарии интензивно го откупуваат грозјето. Според менаџерите на винариите над 50 отсто од родот е веќе откупен.
Менаџерот на винаријата „Езимит вино“, Вито Митровски вели дека годинава ќе откупат два милиони килограми грозје, од кои 90 отсто се од нивните плантажи, а останатите 10 отсто од лозарите со кои имаат склучено договори за откуп.
– Откупот на грозјето е почнат, а го откупуваме согласно цените дадени од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. 13 денари за вранецот, 11 денари за смедеревката, поголема е цената кај нас за разлика од другите винарии за темјаниката, односно 24 денари. Од кавлитетот на грозјето сме задоволни, поради обилните врнежи кои беа во пролетта, а тоа придонесе во јули кога се сушеа лозјата да имаат подземни води. Тоа доведе да имаме одличен квалитет, рече Митровски.
Во штипската винарија „Имако вино“ планиран е откуп на 13 милиони килограми и истата количина на грозје ќе ја откупи и винаријата „Аневски“.
Во штипскиот регион годинава е планиран откуп на 28 милиони килограми.