Спикерот на Сенатот на Канада го посети Генералштабот на АРМ

Од:

Спикерот на Сенатот на Канада Ноел Кинсела во рамки на официјалната посета на Република Македонија, денеска го посети Генералштабот на АРМ, каде се сретна началникот на ГШ генерал-потполковник Горанчо Котески.

Во ГШ на АРМ, Кинсела со делегацијата од Сенатот на Канада имал средба со претставници на ГШ на АРМ и припадници на АРМ кои беа дел од последната ротација на контингентот на АРМ во мисијата ИСАФ во Авганистан.

На средбата, како што соопшти ГШ на АРМ, генерал Котески искажал благодарност до високиот гостин од Канада за поддршката која Република Македонија ја добива од Канада на патот кон полноправното членство во НАТО на нашата држава, нагласувајќи дека во изминативе петнаесеттина години, околу 300 припадници на АРМ се школувале во различни центри за обука во Канада, оценувајќи ја меѓуармиската соработка со Вооружените сили (ВС) на Канада како успешна.

Спикерот Кинсела го нагласил значењето на соработката на полето на одбраната со Република Македонија, при што посебно се осврнал на учеството на АРМ во мировните мисии. Тој истакнал дека припадниците на АРМ со нивното учество во мисиите се стекнале со висок рејтинг кај армиите на НАТО Алијансата.

Од разговорите било заклучено дека АРМ треба да продолжи со одржување на стандардите на НАТО, при што достигнатите интероперативност и оперативна способност ќе го зголемат нејзиниот углед на меѓународен план.

Делегацијата од Канада изразила подготвеност за понатамошно јакнење и проширување на билатералната соработка со ВС на Канада, како и поддршка на Република Македонија за полноправно членство во НАТО.

Би можело да ве интересира

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски