Кина: Војната во Украина ескалира и излегува од контрола

Од:

Кина е многу загрижена поради конфликтот во Украина кој ескалира, па дури и излегува од контрола, изјави кинескиот министер за надворешни работи Чин Ганг за време на конференција во Пекинг.

„Како и секогаш, Кина ќе продолжи да го промовира мировниот дијалог и да работи со меѓународната заедница за решавање на проблемите преку дијалог. Ние сме заинтересирани само за заедничката безбедност“, рече Чин Ганг.

Кина уште еднаш ги отфрли тврдењата дека и помага на Русија со вооружување. Американскиот шеф на дипломатијата Антони Блинкен предупреди ден претходно дека последиците ќе бидат огромни доколку се потврди кинеската воена помош за Русија, а за тоа истиот ден зборуваа и некои европски лидери.

„Ги повикуваме одредени земји веднаш да престанат да долеваат масло на огнот на конфликтот во Украина со ваквите изјави“, рече Чин Ганг, очигледно мислејќи првенствено на Соединетите Американски Држави.

„Ние стоиме цврсто против каква било форма на хегемонија и против какво било странско мешање во работите на Кина. Време е да престанеме да ја обвинуваме Кина“, заклучи Чин Ганг.

Би можело да ве интересира

Се сретнаа Трамп и Зеленски

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Русија нема да победи му порача Бајден на Зеленски, украинскиот претседател на средба со Трамп

Катерина Ѓуровски

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

Падна Украинск

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски