Пријавени над 700 студенти во вториот уписен рок на Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола

Од:

Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола го заврши конкурсот за упис на студенти бруцоши во вториот уписен рок, што се реализираше на 3 и 4 септември во сите универзитетски единици.

Со дополнителниот конкурс, во прв циклус студии за новата акдемска година беа огласени 2.566 места, од нив 1.221 за редовно студирање во државна квота, 927 за редовно студирање со кофинансирање и 418 слободни места за вонредни студенти.

– Конкурсот за запишување студенти во прва година на прв циклус студии на УКЛО и во вториот уписен рок е спроведен успешно. Овој пат поголем интерес имаше на Технолошко – техничкиот факултет – Велес, Факултетот за туризам и угостителство – Охрид како и на Високата медицинска школа, Биотехничкиот факултет и Техничкиот факултет, сите во Битола. Во текот на двата дена предвидени за реализација на вториот уписен рок, на единиците на УКЛО се пријавија над 700 кандидати. Заедно со запишаните 1.557 бруцоши од првиот уписен рок и бројот на пријавени кандидати во вториот уписен рок, на УКЛО во моментов има околу 2.300 нови студенти што ќе студираат во академската 2013/2014 година, информираат од Ректоратот во Битола.

Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола ќе спроведе и трет уписен рок за прв циклус студии, кој ќе се реализира на 17 септември.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата и демонстрантите се судрија пред судот во Нови Пазар

Јаулески: За ваучерите за електронски уред издвоени се 850 милиони денари со кои се опфаќаат над 55 илјади студенти

Германски модел кој ја менува иднината на младите во Македонија

A1on

ЖИВО: Судири на улиците на Белград

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Инцидент пред српското собрание, пратеничка извади нож на студентите

ВИДЕО: Студентите го кршат предизборниот молк во Косјериќ, хаос и во Заечар