ВИДЕО: Израелска дипломатка протерана од самитот на Африканската унија

Од:

Високо рангирана израелска дипломатка денеска беше исфрлена од самитот на Африканската унија (АУ), откако ескалираше спорот околу акредитацијата на Израел.

Сликите објавени на интернет покажуваат дека луѓето кои се грижеа за безбедноста на АУ се судрија со дипломатката на церемонијата на отворањето на самитот, пред таа да ја напушти салата.

„Израел со вознемиреност гледа на инцидентот во кој заменик-директорот за Африка, амбасадорката Шарон Бар-Ли, беше исфрлена од самитот на АУ и покрај фактот што таа беше акредитирана како набљудувач и имаше влезна картичка“, соопшти израелското Министерство за надворешни работи.

Ебба Калондо, портпаролка на претседателот на комисијата на АУ, рече дека на Бар-Ли и бил забранет пристапот затоа што таа не била соодветно акредитиран амбасадор во Етиопија, односно функционер што се очекува на самитот.

Би можело да ве интересира

Десет членови на едно семејство, меѓу кои седум деца, загинаа во израелски напад во Газа

Израелските воени пилоти и рекоа на владата дека сакаат мир поради заложниците

Во израелскиот напад на градот Газа загина најмалку 23 лица

Ројтерс: Хезболах ќе преговара за разоружување доколку Израел се повлече од Либан

Израел е подготвен да се согласи на договор за ослободување на сите заложници

ВИДЕО: Светот се занимава со тарифите, Израел ја толчи Газа

Катерина Ѓуровски