Кина го претстави својот план за ставање крај на војната во Украина

Од:

Кина најави дека ќе претстави мировна иницијатива за ставање крај на едногодишната војна во Украина, која се заснова на дијалог меѓу конфликтните страни и почитување на територијалниот интегритет.

„Кина нема да стои настрана или да долева масло на огнот“, рече кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји на безбедносната конференција во Минхен.

„Ќе продолжиме да повикуваме на мир и дијалог“, додаде тој и најави дека Пекинг ќе претстави предлог за политичко решение на украинската криза врз основа на принципите на Повелбата на ОН.

Без да прецизира на кого се мисли, Ванг рече дека има „сили кои не сакаат преговорите да успеат и војната да заврши“ и дека санкциите не ги решаваат конфликтите меѓу државите. „Мора да му дадеме шанса на мирот“, изјави шефот на кинеската дипломатија.

„Предлагам сите да почнат да размислуваат мирно, особено пријателите во Европа, за тоа што можеме да направиме за да ја запреме оваа војна“, нагласи тој.

Досега Кина не го осуди рускиот напад врз Украина, но ги означи САД и НАТО како виновници за војната што започна со руската инвазија на 24 февруари 2022 година.

Би можело да ве интересира

Се сретнаа Трамп и Зеленски

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Русија нема да победи му порача Бајден на Зеленски, украинскиот претседател на средба со Трамп

Катерина Ѓуровски

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

Падна Украинск

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски