19-годишник од Штип осомничен за тешка кражба на дрзок начин во Скопје

Од:

Oсновното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и поднесе предлог за определување мерка притвор против 19-годишник од Штип осомничен за – Тешка кражба согласно член 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик.

– На 16 февруари, во близина на „Зелен пазар“ во Скопје, осомничениот од една оштетена жена, на дрзок начин, одзел златно ланче во вредност од околу 20.000 денари. Тој ја забележал оштетената, се доближил до неа од предната страна и со рака го фатил и го скинал ланчето кое го носела на врат, по што избегал од местото на настанот, велат од Обвинителството.

„Притворот е предложен имајќи ја предвид можноста осомничениот да се даде во бегство. Јавниот обвинител го ценеше и фактот што осомничениот е претходно осудуван, издржувал казна затвор до 06.01.2023 година, по што за кратко време сторил нови кривични дела за кои во тек се и други постапки по поднесесени кривични пријави пред Основното јавно обвинителство Скопје“, се додава во соопштението на Обвинителството.​

Би можело да ве интересира

Азизи: Зајакнувањето на истражниот центар, постапувањето по црните листи и борбата против перењето пари се клучни приоритети во кандидатурата за шеф на ОЈО ГОКК

Предраг Петровиќ

На Михаилова и беа одземени две патни исправи, а имаше и забрана за преминување на граница со лична карта, извести Обвинителството

Горан Наумовски

Оружје, експлозив и муниција пронајдени во домот на скопјанец, поведена истрага

Предраг Петровиќ

Поведена истрага за примање поткуп против инспекторка за храна

Предраг Петровиќ

Почна постапката за избор на наследникот на Ислам Абази

Горан Наумовски

Тошковски за аферата „Мазут“: Се надевам ЈО ќе собере храброст и професионално ќе се посвети на сите детали