Цвеќе за спомен на жртвите на 4-годишнината од потонувањето на „Илинден“

Од:

Делегации на Општина Охрид, на Генералниот конзулат на Република Бугарија во Битола, Капетанијата на пристаништата, граѓански здруженија, како и граѓани на Охрид денеска положија цвеќе пред паметникот на жртвите во бродската несреќа на Охридското Езеро, кога при потонувањето на „Илинден“ животот го загубија 15 туристи од соседна Бугарија.

Бродот „Илинден“ на 5 септември пред четири години се преврте и потона во водите на Охридското Езеро, на 250 метри од брегот кај автокампот „Елешец“. Притоа загинаа 15 од 57-те лица на бродот, државјани на Република Бугарија – осум жители на општина Антон, четворица од општина Пирдоп и по еден од општините Златица, Мирково и Рибарица.

Вршителот на должноста конзул во Генералниот конзулат на Република Бугарија во Битола Данчо Минчев ја искористи оваа прилика да се заблагодари на општинските власти во Охрид и на Здружението на граѓани „5 септември“, како и на граѓаните на Охрид за споменот на жртвите во бродската несреќа.

– Благодарение на Здружението „5 септември“ е поставен овој паметник, а администрацијата на Охрид секоја година тука се положува цвеќе во спомен на трагично настраданите луѓе. Бугарската Амбасада и Конзулатот им благодарат ним и на сите вас кои не го заборавате тој трагичен инцидент. Се надеваме дека во иднина на ова или на местото на самата трагедија ќе биде поставен мал, но подостоен споменик за нашите загинати сонародници, изјави Минчев. Тој изрази уверување дека постои подготвеност кај градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, така и на бугарските власти за финансиска поддршка за изработката на таков споменик.

– Ваквите настани не радуваат никого кога никој не може да го поврзе 5 септември со нешто убаво, како од оваа така и на луѓето од онаа страна на границата. Знам дека на луѓето од општините Антон и Придоп им е тешко денеска да дојдат тука. Се надевам дека ваквите случки на никаков начин нема да го нарушат угледот на Охрид како европски и светски туристички центар, додаде конзулот Минчев.

Делегацијата на Општина Охрид ја предводеше претседателот на Советот на општината, Гордана Коњаноска, изразувајќи сочувство за настраданите во несреќата, нагласи дека надлежните институции на системот, како на локално така и на централно ниво, преземаат и во иднина ќе ги преземаат сите неопходни мерки за зголемување на безбедноста на пловидбата на Охридското Езеро, со цел избегнување трагични настани како онај од 5 септември 2009 година.

Делегациите на општина Охрид и на Конзулатот на Република Бугарија со чамци отпловија и до местото на потонувањето на „Илинден“, каде фрлија букети цвеќе во водите на Охридското Езеро, во спомен на жрвите во најголемата бродска несреќа во Македонија.

Би можело да ве интересира

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство