(ВИДЕО) Митрески: Не знаете што правите, нервозни сте поради одлуката од Стразбур

Од:

ВМРО-ДПМНЕ не знае што прави во Собранието, јасно е дека целата нервоза е поради одлуката од Стразбур, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски вечерва од собраниската говорница.

„Вчера цело време забележувавте зошто работиме до 18 часот и велевте дека морате да реагирате затоа што таква ви е насоката од партијата. Денеска велите зошто работиме после 18 часот. Не знаете што правите. Ја разбирам нервозата на ВМРО-ДПМНЕ а таа е поврзана до одлуката од Стразбур“, рече Митрески.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ посочи дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ наместо дебата и издржана дискусија само одолговлекуваат, реплицирајќи си меѓу себе, со Левица, со нивниот коалициски партнер.

„Меѓу себе си реплицирате, со вашиот коалициски партнер. Се мислевме дали го чекате вашиот вистински лидер Апасиев да дојде и со него да си реплицирате“, додаде Митрески.

Тој побара 1 час пауза за ВМРО-ДПМНЕ да се договори што ќе прави

-Бидејќи не може да се договорите што ќе правите и што правите, барам 1 час пауза за да може меѓу себе да се договорите што ќе правите, посочи Митрески.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа

СДСМ: Бараме локален референдум за рудникот со антимон во кривопаланечко Луке

А1он

СДСМ: Мицкоски да им се извини на уметниците и културните работници за навредите

Предраг Петровиќ