Нов земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала вечерва го погоди централниот дел на Турција. Епицентарот бил во близина на градот Антакија, на длабочина од 19 километри. Според ЕМСЦ, земјотресот бил почувствуван и во Сирија.
Засега нема информации дали има нови штети или жртви.
Ова е 32-ри по ред земјотрес за 69 часа што ја погоди оваа земја.
Според последните извештаи, повеќе од 41.000 луѓе загинале во двата силни земјотреси што ги потресоа Турција и Сирија на 6 февруари.