Стојаноски: Во оваа „Пазар 3“ коалиција не се знае кој купува, кој продава и зошто преку ноќ се менуваат страните од најлути политички противници во најголеми сојузници

Од:

„Почитувани граѓани еве не на вториот ден од расправата на оваа таканаречена „Пазар 3“ коалиција во која што не се знае кој купува, кој продава, и за што се менуваат страните преку ноќ, од најлути политички противници до најголеми сојузници па можевме вчера да видиме случај како потпретседателот на Алијансата за Албанците почна да ги условува оние кои што ги нарекуваше канцер, најголемо зло луѓе кои што треба да заменат со господинот Ахмети со Господинот Ковачевски. Да човек може да позавиди на моќта на убедување на истите овие двајца кои што успеале преку ноќ да ги убедат овие дека сепак ова е европска коалиција која што треба да се поддржи“, нагласи Стојаноски.

Стојановски истакна дека на министерот на заминување Беким Сали лично му кажал дека седи до оние кои што брутално го испокрадиле на локалните избори во Чаир.

„Она што треба да се знае дека токму точката на дневниот ред за разрешување на министерот за здравство Беким Сали на кога што веднаш кога го предложија за министер лично јас му укажав дека седи до оние кои што брутално го испокрадоа на локалните избори во Чаир, и кој што пред да го разрешат и веќе разрешен му ја префрлија вината за починатото момче за кое што немаше лек“ , истакна Стојаноски.

Стојановски додаде и дека волку разочарани граѓаните не биле од ниту една влада до сега.

„Волку разочарани граѓаните не биле од ниту една влада до сега. Во анкетата на ИРИ 94% сметаат граѓаните дека не се движи земјава во правилана насока. На „Евротинк“ најголем процент 70до 80 проценти граѓаните сметаат дека не ја водите земјата во правилана насока. Треба да поднесете сметка што правите вие. Од алијанса овде гледам само тројца. И тие се плашат да се соочат со нас. Зашто се соочите со граѓаните бидејќи им ветувавте дека ќе го тргнете канцерот, дека Ахмети ќе оди во затвор,дека Заев го спасува Ахмети од затвор, зошто не излезите и да им објасните на чесните и ограбени Албанци зошто вие сега од еднаш влегувате во влада. Десет месеци пред редовниот истек на владата“, нагласи Стојаноски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во раководството на СДС затоа што не го смета Филипче за релевантен?

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

ВМРО-ДПМНЕ: Орце Ѓорѓиевски и мнозинството ќе го постават Скопје на нови, здрави темели, за чист и модерен главен град

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите советници гласаа за сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со Комунална хигиена

Арсовска: Кадрите на Мицкоски се надлежни за Комунална, тие се во Управниот одбор и во Советот на градот