А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Снопче: Нема сомнеж дека се обезбедни потребните гласови за реконструкција на Владата

by А1он13/02/2023 - 15:43165
Share0

Пратеникот и координатор на пратеничката група на Алијансата за Албанците, Халил Снопче на денешната прес-конференција истакна дека е убеден дека се обезбедени потребните гласови за реконструкција на Владата.

Добивај вести на вибер

– Ние имаме договор меѓу новите партнери на коалицијата. Ние сме убедени дека тие бројки се обезбедени. Не верувам дека некој би влегол во такви авантури без да се обезбедат тие бројки. Меѓутоа, тоа што ние како Алијанса за Албанците можеме да гарантираме е дека нашите осум гласа ќе бидат „за“. За тоа можеме со гаранција да тврдиме. Меѓутоа, немам сомнеж дека бројките се осигурани. Тука нема сомнеж, рече Снопче.

Одговарајќи на новинарско прашање околу вредностите кои ги нуди Алијансата за Албанците како нов владин партнер, Снопче рече дека една вредност е да дадат поддршка со цел Владата да функционира и со капацитети што ги имаат да се обидат да се инсталираат „прави и вистински вредности“.

– И кадрите што ги предложивме како министри се исклучително професионални, кои што се докажани во нивните професии. Во сферите што тие ќе ги раководат ќе имаме прилика да ги видиме квалитетно министерување, квалитетни одлуки и квалитетни закони. Во тоа сум убеден, познавајќи ги кадрите што ги предложивме. Ќе продолжиме да бидеме критичари во тие ресори, во тие делови кои што ќе продолжат да бидат нефункционални. Ќе бидеме критичари дури и кон нашите министри, ако не испорачаат тоа што ветуваат, потенцира тој.

Снопче нагласи дека е многу важно оваа Влада да биде функционална и да се искористи 2023 година за евроинтеграцискиот процес.

– Многу е важно оваа Влада да биде функционална. Ако Владата е функционална, значи може да има надеж. А, ако одиме на предвремени избори, може да се случи да ни се повтори историјата, како што ни се случи во 2008 година. Имаме разни влијанија во нашата држава. Загрижувачки се некои анкети во нашата држава. Најбитна работа е да ја искористиме 2023 година за нашиот евроинтеграциски тек што е единствена гаранција за нашата иднина. Во спротивно, сешто може да се случи, рече Снопче.

sobranie

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Горан Наумовски05/03/2026 - 11:45

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Горан Наумовски04/03/2026 - 14:49

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

Горан Наумовски25/02/2026 - 20:36

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Горан Наумовски25/02/2026 - 15:54

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски19/02/2026 - 14:5019/02/2026 - 14:50

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Катерина Ѓуровски18/02/2026 - 12:00
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен