Шестмина осомничени за напад врз полициски службеници во Битола

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Битола поведе постапка против шест лица за кривичното дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

Како што информираат денеска од Јавното обвинителство, осомничените, на 10 февруари, нападнале тројца униформирани полициски службеници кои преземале службени дејствија на спроведување на лице до Основниот суд во Битола. Тие ги удирале полицајците со клоци и тупаници по телото, нанесувајќи им телесни повреди.

Јавниот обвинител, до судијата на претходна постапка, доставил предлог за определување мерка притвор на осомничените.​

Би можело да ве интересира

Обвинителството започна истрага за Претседател на суд и Судски администратор

Обвинителството бара притвор за осомничен кој изврши полови дејствија врз малолетни девојчиња во Штип

Обвинителството започна истрага против сопственичка на салон за убавина и нејзини соработници кои шверцуваа филери и средства за слабеење

Горан Наумовски

Обвинителството бара притвор за маж од Скопје кој три години силуваше малолетно дете и го снимаше

Горан Наумовски

Истрага на Обвинителство за судски полицаец и доставувач за „примање награда за противзаконито влијание“

А1он

Обвинителството ќе бара притвор за 12 осомничени во случајот со дерматолозите, а за петмина мерки за претпазливост