Косовската полиција денеска соопшти дека во акција за сузбивање на наркотици уапсила двајца Срби.
Во соопштението на Фејсбук страницата на полицијата се наведува дека се откриени три лаборатории во кои се одгледувале наркотични растенија, а осомничени се две лица. Апсењата се извршени во регионот на северниот дел на Косовска Митровица.
Се наведува дека полициската акција под името „Мач“ била спроведена на три локации.
Во две лаборатории се откриени околу 1.200 опојни растенија, а во третата немало растенија, но имало софистицирана опрема, пренесува Танјуг.