Коди Гакпо признава дека разговарал за можен трансфер во Манчестер јунајтед со тренерот на ПСВ, Руд ван Нистелрој пред да го направи изнендувачкиот трансфер во Ливерпул во зимскиот преоден рок.
Холандскиот репрезнтативец по одличната 2021/22 со ПСВ Ајндховен во која постигна 21 гол и имаше 15 асистенции, беше предмет на интерес на повеќе клубови, и се веруваше дека е една од желбите на Ерик Тен Хаг во Манчестер јунајтед во летниот преоден рок, но до ваков развој на настаните не дојде.
„Да бидам искрен, зборував со Руд многу за Јунајтед во текот на летото кога изгледаше дека ќе дојде до трансфер. Но, во зимскиот преоден рок не го чекав тоа. Руд имаше желба да отидам во голем клуб, и мислам дека со Ливерпул го направив тоа. Имаше многу шпекулации вотекот на летото и тоа влијаеше на мене. Но, потоа си кажав дека морам да ја играм мојата игра и дека трансферот ќе дојде. Кога слушнав за интересот на Ливерпул, мислам дека само по пет дена се склучи договор“, вели Гакпо.
Извор: Топспорт