Спречен терористички напад на изборот за Мис на Белгија

Од:

Терористички напад е спречен во Белгија во пресрет на изборот за Мис на Белгија, откако маж (40) планирал да ги „убие сите“ на настанот, објавија белгиските медиуми.

Како што пренесува „Нујзблат“, уапсен е маж со два пиштоли – едниот во џебот, другиот во изнајмен автомобил „тесла“.

Полицијата во областа Лимбург била свесна за намерите на мажот пресретнувајќи порака од негов познаник, додава „Либр“.

“Човекот беше уапсен, имаше два пиштоли. Сакаше да изврши напад, планираше да направи нешто што можеше да заврши многу лошо, а имаше и панцир”, изјави Ерик ван дер Сипт од државното обвинителство.

Натпреварот се одржа во Адинкирк, во близина на француската граница. На местото на изборите беа забележани голем број полицајци, а организаторите сепак решија натпреварот да се одржи, но тој почна со задоцнување.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски