Осумгодишно момче загина откако Палестинец удри со автомобил во автобуска станица во Ерусалим

Од:

Осумгодишно момче почина еден ден откако Палестинец со автомобил упадна на автобуска постојка во предградие на Ерусалим, со што бројот на жртвите во нападот се искачи на три.

-Осумгодишното момче е второто дете кое почина во тој напад, откако се здоби со повреди опасни по живот, изјави вечерва портпаролот на болницата Шареи Зедек во Ерусалим.

Вчера Палестинец со своето возило влетал во група луѓе на автобуска постојка во предградието на Ерусалим.

Според израелската полиција, тој бил убиен на местото на настанот. Во инцидентот загина шестгодишно дете, брат на сега починатиот осумгодишник и 20-годишно момче од Ерусалим.

Напаѓачот е 31-годишниот Хусаин Кракаи, жител на Исавија во источен Ерусалим, изјави израелски безбедносен претставник.

Премиерот Бенјамин Нетанјаху го опиша инцидентот како терористички напад и нареди засилување на безбедносните сили.

Нападот доаѓа во услови на зголемена загриженост за безбедноста во Израел, откако палестински напаѓач уби седум лица пред синагога во јануари.

Би можело да ве интересира

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел ја гранатира Рафа додека почнува новата рунда преговори за примирје

Катерина Ѓуровски

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци