И официјално, Кренар Лога е кандидат за нов министер за правда, а Фатмир Меџити за здравство

Од:

Премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски го достави до Собранието предлогот за реконструкција на Владата. До народните избраници Владата ги испрати следните кадровските решенија:

За министер кој ќе раководи со Министерството за правда, предложен е г-дин Кренар Лога.

За министер кој ќе раководи со Министерството за здравство, предложен е г-дин Фатмир Меџити.

За министер кој ќе раководи со Министерството за информатичко општество и администрација, предложен е г-дин Азир Алиу.

За министерка која ќе раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање, предложена е г-ѓа Каја Шукова.

За заменик на министерката која раководи со Министерството за одбрана, предложен е г-дин Тирон Јајага.

За заменичка на министерот кој раководи со Министерството за правда, предложена е г-ѓа Викторија Аврамовска-Мадиќ.

За заменичка на министерот кој раководи со Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, предложена е г-ѓа Вјолца Бериша.

За заменичка на министерот кој раководи со Министерството за здравство, предложена е г-ѓа Маја Манолева.

За заменик на министерот кој раководи со Министерството за образование и наука, предложен е г-дин Агим Нихиу.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски