Однесен во Шутка сопственикот на „ДоказМ“ – 8 дена притвор за Стаменковски за рекет, уцена и пиратерија

Од:

Маријн Стаменковски, сопственик на порталот „ДоказМ“ е веќе спроведен во истражниот затвор во Шутка, откако судот по барање на обвинителството му одреди мерка притвор.

Како што дознава А1он на Стаменковски му е одреден 8-дневен притвор, бидејќи со кривичните дела за кои се товари е предвидена казна затвор до 5 години и осумдневниот притвор е најмногуе што во овој момент може да му се одреди според прописите.

Сепак како што потврдуваат за А1он извори од судот, обвинителството има право да побара и да добие продолжување на притворот, по истекот на овие 8 дена. Судијата по нивно барање може да го продолжи притворот доколку истрагата се уште не е завршена и не се отстранети причините поради кои е одреден притворот во првиот случај.

А според информациите судијата во претходна постапка притворот го одредил поради тоа што ги сметал за основани соменвањатаа на Обвинителството дека Стаменковски може да се даде во бегство.

Марјан Стаменковски, сопственик на „ДоказМ“, се сомничи за повеќе кривични дела меѓу кои и уцена. Досега се знае дека се сомничи за 4 кривични дела – пиратерија на аудиовизуелно дело, Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, за кривично дело – Уцена, злоупотреба на лични податоци, но не е исклучено листата да се прошири откако ќе се вештачат компјутерите кои му се запленети, бидејќи обвинителството се сомнева дека ќе бидат пронајдени докази и за други кривични дела.

Би можело да ве интересира

На сопственикот на на „ДоказМ“ повторно ќе му се суди за уцена, Апелација му ја намали казната затвор

Катерина Ѓуровски

Обвинителството бара повисока казна, а одбраната укинување на пресудата за случајот „ДоказМ“

Горан Наумовски

Одбиено барањето на сопственикот на „ДоказМ“ за иземање на обвинителот Рајчев

Горан Наумовски

Сопственикот на „ДоказМ“ не се чувствува виновен, неговиот бранител очекува ослободителна пресуда

Горан Наумовски

Почна судењето против сопственикот на „ДоказМ“

Горан Наумовски

Адвокатите на Марјан Стаменковски од „ДоказМ“ бараат да се изземе Скопското обвинителство

A1on