Екипите на Противпожарната единица на градот Скопје веќе се на терен во Газиантеп заедно со останатите спасувачки тимови.
-Градот Скопје испрати интервентна екипа за помош при спасувачката мисија во Турција, а од градскиот буџет издвоивме шест милиони денари кои ќе бидат испратени преку Црвениот Крст на Македонија во хуманитарни цели за справување со последиците од катастрофалниот земјотрес во Турција и во Сирија, се наведува во соопштението од Град Скопје.
Оттаму посочуваат дека остануваат во комуникација со локалните власти од Турција и се подготвени да помогнат во секое време согласно нивните потреби.