Мишел до Зеленски: Добре дојдовте дома, добре дојдовте во ЕУ

Од:

Лидерите на ЕУ денеска го поздравија доаѓањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Брисел за неговата прва посета во „срцето“ на Унијата по руската инвазија.

„Добре дојдовте дома, добре дојдовте во ЕУ“, твитна шефот на Европскиот совет, Шарл Мишел, на фотографијата на која се ракува со Зеленски, заедно со шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Зеленски пристигна во Брисел на средба со лидерите на ЕУ од кои ќе бара да ја засилат поддршката за неговата земја опустошена од војна на третиот дел од неговата европска турнеја, соопштија официјални лица.

Тој пристигна во седиштето на Европската Унија со францускиот претседател Емануел Макрон за да се обрати во Парламентот на блокот и да присуствува на состанокот на самитот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се појави наводна снимка од рускиот напад на Украина со балистичка ракета

Катерина Ѓуровски

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Зеленски: Украина нема доволно сила

Зеленски: Кој ќе и помага на Русија ќе му се одзема се

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп

Ќе загубиме ако САД ја прекинат воената помош вели Зеленски

Катерина Ѓуровски