Деветтемина Македонци кои беа затекнати во регионот на разорниот земјотрес се вратија во земјава

Од:

Деветте македонски државјани кои беа затекани во регионот што го зафати разорниот земјотрес во Труција утрово пристигнаа во земјава инфромира Министерството за надворешни работи. Се работи за осум ученици и нивен ментор/наставник, кои преку програмата „Еразмус плус“ престојуваа во Турција. Сите се во добра здравствена состојба.

Преку амбасадата во Анкара сите деветмина беа извлечени од критичниот регион, пренесени во главниот турски град, а од таму во Истанбул. Двајца од учениците имаат повреди, медицинска нега им беше пружена веднаш во Труција.

– Веднаш штом беше идентификувана групата, на лице место во загрозениот регион беше испратен дипломат од амбасадата во Анкара, заедно со дополнително возило, за да асистира во повлекувањето на групата сѐ до упатување кон земјава. По првичната медицинска санација на две лица кај кои беа констатирани повреди, групата беше упатена најпрво во Анкара, а потоа во Истанбул каде беше обезбедено сместување, дополнителна медицинска нега и одмор се вели во соопштението од МНР.

Засега нема нови информации пристигнати до Амбасадата во Анкара и Генералниот конзулат во Истанбул за други наши државјани кои се наоѓаат во евентуално загрозена состојба, или на кои им е потребна асистенција.

Би можело да ве интересира

Бебето извлечено од урнатините по земјотресот во Сирија е здраво и среќно

Горан Наумовски

Македонија собра еден милион и 150 илја евра за настраданите во катастрофалните земјотреси во Труција и Сирија

Катерина Ѓуровски

Бројот на загинати во земјотресите во Турција на 6 февруари продолжува да расте

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Малата Афра родена под урнатините во Сирија денеска живее без своите родители кај роднини

Горан Наумовски

Турција: Бебето што 128 часа беше под урнатините, по 54 дена повторно е со својата мајка

Горан Наумовски

Чудо во Турција, спасена е мачка од под рушевините дури 49 дена по земјотресот: Не можеле да им веруваат на очите кога почнале да ги отстрануваат урнатините

Горан Наумовски