Ангела Меркел доби награда за мир на УНЕСКО

Од:

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ја доби наградата за мир на УНЕСКО во Брегот на Слоновата Коска за нејзината одлука да прифати повеќе од 1,2 милиони мигранти во Германија, и покрај притисокот во земјата и европските партнери.

Организаторите истакнаа дека Меркел покажала политичка храброст кога Германија ги пречека бегалците кои побегнаа од конфликтите во Сирија, Ирак, Авганистан и Еритреја помеѓу 2015 и 2016 година.

Наградата за мир „Феликс Хуфе Буње“ која денеска и беше доделена на Ангела Меркел, го носи името на првиот претседател на Брегот на Слоновата Коска по независноста од Франција во 1960 година, а наградата беше доделена во Јамусукро, главниот град на Брегот на Слоновата Коска и родниот град на Хуфе-Буње.

Претседателот на жирито што ја додели наградата и добитник на Нобеловата награда за мир Денис Муквеге ја пофали Меркел за нејзината одлука да ги „отвори портите на Германија“ во време кога другите земји тоа не го сакаа.

– Му покажавте на јавното мислење и носителите на одлуки дека не мораме да ги браниме не само нашите права, туку и правата на другите во време на криза, дека на секое општество му треба повеќе од кога било да ги почитува и штити човековите права без никаква дискриминација. Ја пофалуваме вашата хуманост, вашиот дух на солидарност и вашето изразено чувство за етика и вашето инспиративно лидерство, рече Муквеге.

По врачувањето на наградата Меркел зборуваше за актуелната бегалска криза, особено за војната во Украина.

– Мислевме дека времето на војните во Европа помина, но од 24 февруари минатата година, кога се случи жестоката агресија на Русија врз Украина, дојдовме до тажен заклучок дека тоа не е така. Војната ја потресе Европа до нејзините корени, рече Меркел.

Би можело да ве интересира

Поранешен главен советник на канцеларката Меркел стана советник на премиерот Рама

А1он

Меркел денеска ќе ја добие наградата на ОН за справување со миграциската криза од 2015 година

А1он

ОН ја награди Меркел за справувањето со миграциската криза од 2015/16 година

А1он

Меркел: Зборовите на Путин не се знак на слабост, туку на политичка мудрост

А1он

Песков не го коментира можното посредување на Меркел

Меркел: Путин можеби чекаше да заминам за да ја нападне Украина

Ана Ололовска