Алтернатива сè уште нема конкретен предлог за позициите во Владата

Од:

Сè уште немаме конкретен предлог на маса за нашите позиции во идната влада доколку би се формирала, рече денеска министерот за здравство Беким Сали одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“.

Министерот додаде дека доколку има проширување на мнозинството, сè уште немаат информација ниту кои се позициите кои Алијанса за Албанците ги има обезбедено и затоа, како што рече, „не можам да коментирам кои се нашите позиции“.

Инаку, на почетокот на февруари извори од Алијанса за Албанците (АА) за МИА информираа дека Министерството за правда заедно со Министерството за здравство остануваат едни од ресорите што целат да ги раководат.

Преговорите за влез АА во владината коалиција се при крај и најверојатно, како што најави вчера лидерот на партијата и градоначалник на Гостивар Арбен Таравари, ќе завршат до денеска.

Би можело да ве интересира

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај

Горан Наумовски

Владата најави поевтинување на дизелот за 6,5 денари

Владата одлучи: Нема да трошиме време и пари на референдум за европскиот пат

Горан Наумовски

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

Нови правила за игрите на среќа: Казината 500 метри од училишта, забрана за апарати во обложувалници

Горан Наумовски

Именувана е новата унгарска влада